Браун бара да се постигне договор во Копенхаген

Британскиот премиер Гордон Браун денеска на Конференцијата за климатски промени во Копенхаген ги повика светските лидери да заборават на несогласувањата и да воспостават договор за да ја запрат емисијата на штетни гасови во воздухот. Браун соопшти дека ако се обезбедат доволно пари за борбата со глобалното затоплување ќе се спаси светот од силите, кои сакаат да го уништат. Денеска и австралискиот премиер Кевин Руд изјави дека преговорите на конференцијата се на ивица на пропаст. На Конференцијата се појавија несогласувања меѓу сиромашните и богатите земји, а таа предизвика и масовни протести во Копенхаген.