Папандреу најавува пресметка со корупцијата

Грција ќе го извлече своето стопанство од тешката криза така што ќе се пресмета со корупцијата без оглед на политичката цена. Ова го изјави грчкиот премиер Јоргос Папандреу за агенцијата Асошитед прес, а во врска со мерките на неговата влада за намалување на огромниот јавен долг од скоро 300 милијарди евра. Според Папандреу, најголемите напори се насочени кон борбата против неплаќањето на даноците и големото трошење во јавниот сектор.