2009 најсмртоносна за новинарите во светот

Масакрот врз 30 медиумски работници на Филипините во минатиот месец ја направи 2009 најсмртоносна година за новинарите досега. Комиетот за заштита на новинарите соопшти дека оваа година биле убиени најмалку 68 новинари, што е за 60 насто повеќе од лани. По Филипините, најмногу новинари, четворица, загинале во Пакистан и во Русија, тројца.