Третина од земјите во светот без верски слободи

Скоро 70 насто од светското население живее во земји со строги рестрикции на верската слобода. Ова се наведува во најновото истражување на американскиот Пју центар во кое се прецизира дека една третина од земјите во светот имаат многу високи забрани на слободното верско изразување. Меѓу земјите во кои тоа го прават тамошните влади се Иран, Узбекистан, Кина, Египет и Мјанмар.