Несогласување меѓу богатите и сиромашните во Копенхаген

119 шефови на држави и влади се очекува да пристигнат во наредните два дена во Копенхаген, со цел да го потпомогнат финализирањето на глобалниот пакт за справување со глобалното затоплување. Меѓу лидерите што треба да пристигнат во Данска се и претседателот на САД Барак Обама, рускиот претседател Дмитри Медведев, иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад, францускиот претседател Никола Саркози. Засега извештаите оттаму говорат дека ќе постојат проблеми околу дефинирањето на завршните заклучоци со оглед на тоа што на виделина излезе големото разијдување меѓу сиромашните и богатите земји околу поделбата на трошоците во борбата против климатските промени.