Наскоро помалку НАТО војници на Косово

Командантот на југоисточното крило на НАТО Марк Фицџералд изјави дека Алијансата следниот месец ќе ги намали своите сили на Косово за 4500 војници, со цел да бидат распоредени во Авганистан или Ирак. Фицџералд истакна дека НАТО ќе задржи 10 000 војници на Косово, додавајќи дека намалувањето на силите ќе продолжи. Српските власти изразија загриженост дека намаленото присуство на НАТО нема да биде доволно за да го заштити српското малцинство од напади од страна на албанското мнозинство.