Несогласувања меѓу богатите и сиромашните земји во Копенхаген

Несогласувањата меѓу сиромашшните и богатите земји на Конференцијата за климатски промени во Копенхаген продолжуваат и натаму. Сенегалскиот претседател Абдолуаје Ваде ги обвини богатите земји дека не ги исполнуваат своите ветувања. Боливискиот претседател Ево Моралес и неговиот венецуелски колега Хуго Чавез пак ги обвинија дека создаваат диктатура во светот. Германскиот министер за животна средина, Ноберт Роетген соопшти дека група од 25 земји меѓу кои и Британија, Германија и четири други европски земји разговараат како да успеат даизлезат од оваа безизлезната ситуација.