Расмусен бара подршка од Русија за Авганистан

Генералниот секретар на НАТО, Андрес Фог Расмусен денеска ја повика Русија и натаму да се ангажира во операциите на алијансата во Авганистан. Расмусен му соопштил на претседателот Димитри Медведев дека доколку мисијата на НАТО во Авганистан доживее неусепех тоа ќе го зголеми тероризмот од Централна Азија до Русија. Медведев соопштил дека Русија е подготвена да ја зголеми својата подршка, бидејќи двете страни имаат многу причини за соработка, како што се тероризмот и криминалот.