Швајцарската забрана за изградба на минариња на суд

Еден поранешен претставник на џамијата во Женева, поднел жалба до Европскиот суд за човекови права во Стразбур, против забраната на Швајцарија за изградба на минариња.Според Хафид Квардири одлука на Швајцарија е против Европската конвенција за човековите права. Околу 57 проценти од граѓаните на Швајцарија минатиот месец на референдум се изјаснија за забрана на изградба на минариња. Земјата има 7 милиони жители, а 300 000 од нив се Муслимани претежно од Босна, Косово и Турција.