Иранското судство има докази да ја обвини опозицијата

Иранското судство ги предупреди лидерите на опозицијата дека обвинителите имаат доволно докази за да покренат обвинение, против нив. Првиот човек на судството, Садек Ларијани ја обвини опозицијата дека шири немир, поради спорната победа на претседателот Махмуд Ахмадинеџад на изборите во јуни. Според Ларијани тие им помагаат на странските непријатели да го зголемат притисокот врз земјата. Соопштението ги подгреа шпекулациите дека опозицискиот лидер Мирхосеин Моусави може да биде обвинет, шест месеци откако загуби од Ахамадинеџад на изборите.