Претседателот на конференцијата во Копенхаген даде оставка

Данскиот премиер Ларс Лоеке Расмусен ќе го замени данскиот министер Кони Хедегард на претседателското место на конференцијата за климатски промени во Копенхаген. Причината за денешната оставка на Хедегард сеуште не е позната, но таа го опишала потегот како процедурален. Целта на конференцијата е намалување на емисијата на штетни гасови во воздухот и обезбедување на пари за сиромашните земји во борбата со глобалното затоплување. Разговорите во моментов се стопирани. На последниот ден на конференцијата во петок ќе пристигнат лидерите на 120 земји.