ЕУ: Изборите на Косово коректни

Европската унија позитивно го оцени вториот круг од локалните избори на Косово, што се оддржа изминатиот викенд. Во денеска објавеното соопштение се истакнува дека е направен значителен напредок во консолидацијата на демократското и мултиетничко општество на Косово, во согласност со европските стандарди.