Расмунсен: Нато - Русија практична соработка

Генералниот секретар на НАТО Андерс фог Расмунсен во Москва ги продолжува разговорите со Претседателот Дмитриј Медведев и Премиерот Владимир Путин. Тој од руските лидери бара подршка за Авганистан, односно опрема и тренери на авганистанските сили. Русија веке има понудено транзитни капацитети за НАТО силите. На денешните разговори се очекува и да се допре темата на планот за ракетна одбрана и за рускиот план за реформа на европските безбедносни структури. По средбата со рускиот министер за надворешни работи Расмунсен изјави дека иако за многу нешта разликите остануваат, неговата посета има за цел практична соработка.