Брамерц: Младиќ е во Србија

Поранешниот командант на силите на босанските Срби Ратко Младиќ се крие во Србија, изјави Главниот обвинител на Хашкиот трибунал Серж Брамерц, кој вчера учествуваше на средба на српските обвинители во Белград. Тој настојува властите во Србија да го пронајдат и уапсат Младиќ, кој е обвинет за геноцид во Сребреница во 1995 година, при што беа убиени повеќе од 7.000 босански муслимани. Никогаш не сум имал причина да верувам дека Младиќ не се наоѓа во Србија, рече хашкиот обвинител. Неодамна во извештајот пред Советот за безбедност на ОН, Брамерц ги поздрави напорите на српските власти за пронаоѓање на Младиќ.