Средби на Расмусен со Медведев и Путин

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен, кој престојува во Москва, денеска ќе се сретне со рускиот претседател Дмитри Медведев и со премиерот Владимир Путин. Расмусен изјави дека ќе побара поголема помош од Русија за мисијата во Авганистан, вклучувајќи и опрема и обучувачи за авганистанските сили. Тој истакна дека Москва веќе понудила транзит за снабдувањето на трупите на Алијансата во Авганистан.