Прогноза за времето- облачно и врнежливо

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со слаби врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините слаб снег. Ќе дува слаб ветер, претежно од југозападен правец. Утринската температура се движи од еден до шест, а дневната ќе биде од три до седум степени. Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно со слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер, претежно од северозападен правец. Утринската температура се спушти до два, а дневната ќе се искачи до пет степени.