Островот Науру ја призна независноста на Абхазија

Пацифистиччиот остров Науру ја призна независноста на сепаратистичката земја Абхазија. Потпаролот на властите во Абхазија, Кристијан Џаханија соопшти денеска дека неговата земја потпишала договор за воспоставување на дипломатски односи со Науру. Министерот за надворешни работи на Науру, Киерен Кеке најавил и дека тие планираат да ја признаат и независноста на Јужна Осетија. Русија ги призна Абхазија и Јужна Осетија по војната со Грузија минатата година. Досега само уште Венецуела и Никарагва ја призна нивната независност.