15 мртви во експлозија во Пакистан

Во експлозија во Пакистан најмалку 15 луѓе го загубија животот, а 30 се повредени, соопштија пакистанските власти. Инцидентот се случил на еден пазар во близина на домот на еден политичар во градот Дера Гази Кан во покраината Пуџаб. Локалниот шеф на полицијата соопшти дека најверојатно експлозијата е од автомобил бомба. Во серија на бомбашки напади во Пакистан од октомври животот го загубија 500 луѓе.