Талибанците дозволиле да бидат посетени нивните заробеници

Меѓународниот комитет на Црвениот Крст денеска соопшти дека за прв пат ги посетил затворениците кои ги држат талибанците во Авганистан. Имено, претставнци на Црвениот Крст, во ноември, имале на два пати можност да ги посетат тројцата припадници на авганистанските безбедносни сили, кои биле заробени од талибанците во провинцијата Бадгис.