Нимиц засега не планира средби со преговарачите за името

Медијаторот Метју Нимиц засега не планира средби со претставници на Македонија и на Грција, ниту други активности поврзани со решавањето на прашањето за името, изјавил за МИА новиот портпарол на генералниот секретар на ОН Ванина Маестрачи.
Последната средби на Нимиц со преговарачите на двете зeмји Зоран Јолевски и Адемантиос Василакис беа на 12 и 13 ноември во Њујорк. Неколку дена потоа посредникот на ОН соопшти дека ќе продолжи да комуницира одделно со секоја страна и оти ќе ги покани на заедничка средба „ако и кога ќе верува, или кога двете страни ќе веруваат, дека таква средба би била корисна“.