Преговорите во Копенхаген во критична фаза, предупреди Кина

Кина денеска ги обвини равиените земји дека не ги исполнуваат нивните обврски во врска со климатските промени и предупреди дека преговорите во Копенхаген влегуваат во критична фаза. Инаку, конференцијата во Копенхаген кулминира кон крајот на неделава кога таму ќе пристигнат околу 120 лидери на држави или влади.