ЕУ и САД не ги признаваат изборите во Абхазија

Европската Унија и Соединетите Американски Држави не ги признаваат претседателските избори во Абхазија. Во соопштението од Брисел во име на 27 земји членки се вели дека Европската Унија ќе продолжи да го „поддржува грузискиот територијален интегритет и суверинитет како што е признаен со меѓународното право“. Неколку часа подоцна, Стејт Департментот во Вашингтон излезе со слично соопштение. Само Венецуела и Никарагва и се приклучија на Русија во признавањето на независноста на Абхазија.