САД бараат од Либан да го спречи шверцот на оружје

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека извршил притисок врз Либан да го спречи шверцот на оружје во земјата, велејќи дека оружјето претставува потенцијална закана за соседниот Израел. По состанокот со либанскиот претседател Мишел Слејман, Обама изјави дека имало одреден напредок во спроведувањето на резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите Нации за забрана на ваквите пратки.