Демократската партија на Тачи победник на локалните избори во Косово

Демократската партија на Косово на премиерот Хашим Тачи е победник на локалните избори, според неофицијалните резултати на Цемнтралната изборна комисија. ДПК победила во повеќе од половина избирачки места. Од поголемите градови партијата на Тачи победила во Качаник, Гнилање, Липљан, Митровица, Витина, Драгаш и Вучитрн. Партијата Демократски сојуз на Косово на претседателот Фатмир Сејдиу освен во Приштина победила и во некои помали места. Излезеноста на гласачите е 38 проценти, а ЦИК евидентирала и нерегуларности како семејно гласање, физичко насилство и недозволено агитирање.