ЕУ не ги признава претседателските избори во Абхазија

Шведска која преседава со Европската Унија соопшти денеска дека унијата не ги признава претседателските избори, кои се одржаа во сепаратистичката држава Абхазија. Претседателството на ЕУ во соопштение во името на 27 земји членки вели дека ЕУ и понатаму ќе го подржува територијалниот интегритет и суверинитет на Грузија, кој е признат според меѓународното право. Сепаратистичкиот лидер Сергеј Багапш победи на изборите во саботата во Абхазија, кои беа нелегитимни за многу земји, но подржани од Русија. Само Никарагва и Венецуела заедно со Москва ја признаа независноста на Абхазија