Обама за успешноста на стратегијата во Авганистан

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека до крајот на 2010 година ќе знаел дали неговата стратегија за Авганистан успешно функционира. Во спротивно, како што вети во интервју за една американска телевизија, тој ќе извршел измени во стратегијата со која се предвидува распоредување на дополнителни 30 илјади американски војници во Авганистан.