Во Авганистан убиени 16 полицајци

Шеснаесет авганистански полицајци биле убиени во два напада на бунтовниците врз контролни пунктови во северниот и во јужниот дел на земјата. Првиот напад се случил во Баглан каде што, според агенциите, ваквите напади се реткост. Според некои информации, притоа биле убиени и двајца припадници на исламситичката група Хезби Ислаими која е предводена од поранешниот премиер на Авганистан Гулбудин Хикматјар.