Тајгер Вудс станува непожелен за реклами

Глобалната консултантска фирма „Акцентур“ го раскина шестгодишниот договор со голферот Тајгер Вудс. Како што соопштија од компанијата, Вудс веќе не е претставителен за нивната маркетинг кампања. Одлуката на „Акцентур“ следува еден ден по соопштението од производителот на бричеви „Жилет“, од каде најавија повлекување на дел од рекламите во кои настапува американскиот голф играч.