Иран ќе ја подржи Палестина во борбата против Израел

Иранскиот претседател Махмуд Ахамадинеџад денеска и ветил на палестинската милитантска група Хамас дека ќе ги подржи во нивната борба против Израел. Ахамдинеџад за време на состанокот со лидерот на Хамас, Калед Месхал соопштил дека Иран константно ќе стои на страната на палестинската нација се додека не пропадне израелскиот режим. Според Ахамдинеџад Израел е на ивицата на елиминација и Палестина треба само да остане будна.