1 лице повредено во нереди меѓу Курдите и Турците во Истамбул

Турски националисти и курдски активисти денеска се судрија во Итанбул, при што најмалку едно лице е повредено. Нередите во центарот на градот меѓу стотината луѓе започнале поради протестот на Курдите. Тие демонстрирале против одлуката на уставниот суд, кој и забрани било каква политичка активност на Курдската демократската партија, поради нивна поврзаност со курдските бунтовници. Протестот завршил мирно, освен што некоја група на млади Курди фрлала камења кон излозите на продваниците, зградите и автомобилите.