Генерал Петраус-Ал Каеда има нова тактика во Ирак

Шефот на американската воена команда, генерал Дејвид Петраус соопшти дека Ал Каеда во Ирак ја променил својата тактика. Петраус смета дека во моментов во Ирак има мал број на странски доброволци, кои работат во служба на Ал Каеда, против американската подршка на власта. Бројката на бунтовници кои доаѓаат од Сирија е намалена во просек за еден месец од 110 на 10. Но според генералот терористичката група сега прави помалку, но посмртоносни напади. Во последната серија на бомбашки напади во Багдад организирана од страна на милитанти кои соработувале со Ал Каеда животот го загубија 112 луѓе.