Курдската демократска партија ќе се жали на европскиот суд за човекови права

Kурдската Демократската Партија ќе се жали пред европскиот суд за човекови права на одлуката на турскиот Уставен суд. Toj донесе одлука партијата да престане со работа поради нивната поврзаност со курдските бунтовници. Пратениците на партијата пред некој ден се повлекоа од парламентот во знак на протест. Европската Унија, изрази загриженост поради одлуката за укинување на партија како за забраната за политичка активност на нивните демократски избраните претставници. Унијата ја повика Турција да го усогласи својот закон за политички партии со препораките на Советот на Европа и европската Конвенција за човекови права.