3 загинати на брод што потонал на брегот на Турција

Три луѓе го загубија животот кога товоарен брод кој пловел под знаме на Панама потонал во близина на брегот на градот Ереглис,Турција. Меѓу настраданите е еден државјанин на Грузија и двајца на Украина. Еден од 16 членови на екипажот на потонатиот брод се смета за исчезнат. Грузискиот конзул во Турција, Темур Шарашенидзе потврдил дека двајцата починати се Грузијци. Причините за потонувањето на бродот сеуште не се познати.