Иранската опозиција ги обвини властите за подметнување

Иранската опозиција денеска ги обвини властите дека подготвуваат, според нив неконвенционална акција за да го спречи развојот на реформите. Опозициониот лидер, Мир Хосеин Моусави на неговиот веб сајт изјави дека тоа се однесува на обвинувањата до опозицијата дека го навредила револуционерниот лидер Ајатолах Рухолах Комеини за време на протестот минатата недела. Тој соопштил дека властите претходно ја испланирале навредата и потоа ја поврзале опозицијата со студентскиот протест. Мусави верува дека властите отвараат пат за неконвенционална борба против опозицијата. Тој ги советува сите приврзаници на “зеленото движење” на опозицијата да бидат внимателни и да се информираат за последните случувања.