1000 демонстранти уапсени во Копенхаген

Скоро 1000 учесници на протестот во Копенхаген се уапсени, каде деновиве се одржува конференцијата за климатски промени, соопшти данската полиција. Десетици илјади луѓе излегоа да маршираат во центарот на градот, како дел од глобалниот “ден на акција”. Но некои од демонстрантите ги кршеле излозите на продавниците и ги палеле автомобилите. Тие бараат од учесниците на конференцијата за климатски промени да постигнат договор за спречување на глобалното затоплување на земјата. Протестот е организиран од 515 организации од 67 земји.