Бројот на жртви од пожарот во Перм се искачи на 146

Руските официјални лица соопштија денеска дека бројот на жртвите од пожарот кој изби минатата недела во еден ноќен клуб во градот Перм се искачи на 146. Жртвата починала од изгореници на телото. Во петокот починаа уште пет луѓе. Околу 85 се сеуште во болница, голе дел од нив се во критична состојба. Пет луѓе меѓу кои и сопстевникот на клубот се уапсени.