300 уапсени на протестот во Копенхаген

Данската полиција соопшти дека денеска уапсила 300 учесници на протестот во Копенхаген. Некои од демонстрантите фрлале цигли и ги кршеле излозите на продавнците во градот. Околу 30 000 луѓе излегоа да маршираат во центарот на Копенхаген, бидејќи бараат од учесниците на конференцијата за климатски промени да постигнат договор за спречување на глобалното затоплување на земјата. Протестот е организиран од 515 организации од 67 земји.