САД бара од Бугарија да прими затвореници од Гвантанамо

Бугарскиот министер за надворешни работи Цветан Цветанов соопшти денеска дека премиерот добил писмо од Ваштингтон во кое тие бараат од бугарските власти да одговорат дали ќе прифатат затвореници од американскиот затвор Гвантанамо. Дали ќе се прифати барањето на Вашингтон Цветанов изјавил дека ќе треба да одлучи комисијата за надворешна политика, одбрана и национална безбедност. Но според Цветанов тие можат да дадат само мал допринос. Над 200 затвореници има во Гвантанамо. Околу 90 ќе бидат префрлени во САД, а другите треба да бидат распоредени во земји, кои ќе сакаат да ги примат затворениците.