Казакстан и Кина го прославија отварањето на новиот гасовод

Казакстанскиот и кинескиот претседател денеска официјално го отворија гасоводот, кој ја поврзува Кина со Централна Азија. Казакстанскиот претседател Нурсултан Назарбајев и неговиот кинески колега Ху Џинтао на церемонија во седиштето на казахстанската национална фирма за енергија Каз Мунаи Газ ја прославија новата рута, која ќе го носи гасот од Узбекистан до западниот кинески регион Ксинџијанг. Ху по посетата на Казахстан ќе отпатува за Туркменистан, каде што во понеделник ќе биде отворен гасоводот од Туркменистан до Кина.