Пратениците на про-курдската партија го напуштија турскиот Меџлис

Деветнаесете пратениците на про курдската Демократската Партија која вчера беше забранета од турскиот Уставен суд денеска се повлекоа од парламентот во знак на протест. Европската Унија, изрази загриженост поради одлуката за укинување на партија како за забраната за политичка активност на нивните демократски избраните претставници. Унијата ја повика Турција да го усогласи својот закон за политички партии со препораките на Советот на Европа и европската Конвенција за човекови права.