Протести за усвојување глобален договор за климатските промени

Во повеке градови во светот како и во Копенхаген се одржуваат или се најавени протести во кои се бара од учесниците на Конференцијата за климатски промени да постигнат договор за запирање на глобалното затоплување на земјата. Данската полиција соопшти дека се очекуваат околу 50 илјади демонстранти, во Копенхаген организирани од 515 организации од 67 земји.
Агенциите јавија дека околу 50 илјади луѓе денеска излегоа на улиците во Австралиските градови за да извршат притисок врз ученсиците на Конференција во Копенхаген да го усвојат глобалниот договор.