Лидерите на парламентарните партии на состанок кај Фуере

На иницијатива на евро-амбасадорот Ерван Фуере, денеска во неговата резиденција на Водно, ќе биде одржана средба на лидерите на парламентарните партии, потврди канцеларијата на ЕУ во Скопје. Најавено е присуството на Никола Груевски, Бранко Црвенковски, Али Ахмети и Мендух Тачи, како и на лидерите на другите партии, застапени во Парламентот. На средбата се очекува да стане збор за последните случувања во Брисел, но и во Скопје, по одлагањето на датумот за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ.