Во Ирак аукција за нафтените полиња

Во Ирак денеска и утре се одржува аукција за експлоатација на нафтените полиња, втора по американската инвазија во 2003-та година. Учествуваат околу 45 компании од Западот, но и од Кина и од Индија. На денешниот старт на аукцијата, холандски Шел, во партнерство со индонезиската компанија Петронас, го доби нафтеното поле Мајнон, чии проценети резерви на нафта се над 12,6 милијарди барели.