Самит на ЕУ во Брисел

Претставници на Европската Унија, синоќа расправаа за тоа колку може да издвои Унијата за земјите во развој, за да се справат со глобалното затоплување. Вчера, на првиот ден од самитот на Европската Унија во Брисел, дел од лидерите предлагаа сума од 6 милијарди евра во наредните три години, но согласност од сите не е постигната. Самитот на Европската Унија продолжува и денеска, а покрај климатските промени, тема е и економската криза, како и други прашања.