Завршува самитот на ЕУ во Брисел

Во Брисел завршува дводневниот самит на лидерите на земјите членки на Европската Унија, на кој главни теми се климатските промени и финансиската криза во некои земји- членки. Дводневниот самит е прв откако стапија во сила реформите познати како Лисабонски договор кои треба да го забрзаат процесот на донесување одлуки во рамките на Унијата.