Дводневен самит на ЕУ во Брисел

Европската Унија денеска го отвори дводневниот самит во Брисел посветен на климатските промени и економската криза. Лидерите на 27 земји сакаат да ја зајакнат улогата на ЕУ како лидер во борбата против глобалното затоплување. За таа цел тие ќе одобрат 6 милиони евра за да можат земјите во развој да се борат против климатските промени. Лидерите ќе се сконцентрираат и на финансиската криза во Грција.