Клинтон-нема датум за нуклеарни преговори со Северна Кореја

Американскиот секретар Хилари Клинтон соопшти денеска дека состанокот во Пјонгјанг меѓу САД и Северна Кореја бил успешен, иако не се договориле за датум за отпочнување на преговорите за нуклерано разоружување. Изјавата на Клинтон е по онаа на Американскиот пратеник за Северна Кореја Стефен Босфорт, кој соопшти дека со Северна Кореја е постигнато заедничко разбирање за потребата од продолжување на разговорите за нуклеарно разоружување.