Груевски-ќе се бориме за влез во ЕУ

Македонија нема да биде скршена затоа што не доби датум за преговори, туку ќе продолжи да се бори за членство во ЕУ изјави премиерот Никола Груевски уште еднаш коментирајќи ја одлуката на советот на Министрите на Унијата во Брисел. Според Груевски барањата на Грција се како од 19 век. Но Македонија ќе најде сили да ги надмине проблемите, а Европската Унија неможе вечно да ја толерира Грција. На изјавата на Фуере дека одлуката од Брисел не е иста како онаа од Букурешт, Груевски одговорил дека очигледно се работи за две различни гледишта на работите.