Русија-изјавите на Басеску ќе ги нарушат меѓусебните односи

Руското министерство за надворешни работи денеска соопшти дека примедбите на романскиот претседател Трајан Басеску може да им наштетат на односите меѓу двете земји. Потпаролот на министерството, Андреи Нестеренко соопшти дека апсурните изјави на Басеску може да го нарушат развојот на билатералните односи. Нестеренко напоменал дека Басеку неколку пати направил навредливи забелешки на сметка на Русија за време на дебатата со неговиот ривал на претседателските избори Мирчеа Џоана. Басеску го обвинил Џоана дека барал подршка од Русија, при неговите посети на земјата.