Британец осуден на доживотен затвор за тероризам

Еден британец е осуден на доживотен затвор денеска во Лондон, бидејќи заедно со Ал Каеда планирал напад на седум авионски линии во 2006 година. Двесет и три годишниот Адам Катиб беше уапсен во септември, под обвинение дека планирал во шишиња за пијалок да стави течен експлозив, кој ќе се употреби за самоубиствени напади на авионите. На уште двајца негови соработници ќе им се суди денеска.